Власта на СДСМ наивно верува дека доаѓањето на бројни странски лидери во Македонија е еден вид дозвола за да прави што сака и да врши разни злоупотреби и насилства во оваа земја, a странските лидери одлично знаат каде доаѓаат и со кого си имаат работа, појасни во гостувањето во Отворено студио на Алфа, потпретседателот на партијата, Александар Николовски.
„Владата на Заев се обидува ова да го злоупотреби. Нивниот наратив е следен, доаѓаат во Македонија сите европски лидери, тоа значи дека ние во државата може да правиме што сакаме. Можеме да правиме притисоци, можеме да уценуваме луѓе, можеме да влијаеме врз судството, можеме да сме максимално корумпирани, можеме да местиме тендери. Тоа е како Заев и Димитров ги сфаќаат овие работи. ..но, сите овие лидери, кога ќе се носи одлука следната година, за тоа дали Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ или не, ќе ги имаат во предвид фактите, а не договорот со името. Да ве потетам, договорот за името беше потпишан во јуни, на крај на јуни, Македонија не доби датум за почеток на преговори. Зошто? Заради корупција, злоупотреба во јавната администрација и бавни судски реформи. Ако следната година го констатираат истото, повторно Македонија нема да добие датум за преговори па и десет пати да го смени името. Заклучи Николовски.
„Емануел Макрон и Ангела Меркел нејќат да седат на иста маса со човек кој бара 200 илјади евра мито“ – поентира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова однесување нема да го простат и како и да завши ова со Грција, ова однесување нема му го простат и ако продолжат вака, еве и сега кажувам, Македонија и следна година нема да добие датум за преговори. Може да се случи Албанија да добие датум за преговори, а ние да не добиеме, што ќе е тотален пораз за нас како држава, заклучи Николвоски.