Актуелно 06.10.2018 15:04

Ниту Беса нема да коалицира со СДСМ: Бараат уставни измени за Албанците ако се гласа Договорот со Грција

Ниту Беса нема да коалицира со СДСМ: Бараат уставни измени за Албанците ако се гласа Договорот со Грција

-Сметаме дека е историски момент, ако се отвори прашањето за уставните промени, Движењето Беса ќе даде конкретни и концизни предлози за унапредување на уставните права на Албанците, како втора по големина етничка заедница во Македонија, рече претседателот на партијата Абдуш Демири.

Тој нагласи дека не се условени уставните промени, но кога ќе дојде до отворање на уставните промени, нивните пратеници ќе дале конкретни предлози за конкретни промени.

Од партијата категорично ја отфрлаат можноста за коалиција со СДСМ на предвремените парламентарни избори и сметаат дека секоја коалиција со СДСМ со било која албанска партија, без да ги заокружува уставните права на Албанците како еднаков народ, би била штетна за интересите на Албанците.

Од Беса апелираат до сите алабнски политички партии во земјата, преку политички дијалог да ги координираат прашањата кои се од национален интерес на Албанците.
Од партијата порачаа дека се отворени за сосработка со сите албански политички сили, невладини организации и интелектуалци, кои се залгаат за унапредување на правата на Албанците.