Банкарство 20.06.2018 11:58

НЛБ Банка: Безбедност при плаќањата преку интернет

НЛБ Банка: Безбедност при плаќањата преку интернет

 

Како корисници на платежните картички на НЛБ Банка АД Скопје би сакале да ви укажеме на внимателно користење на платежните картички при плаќањата преку интернет.

За таа цел, Ви ги препорачуваме следните активности за поголема заштита и сигурност при користењето на картичките:
  • Сетирајте го лимитот за интернет плаќања на картичките на 0 (нула) денари преку НЛБ мКлик мобилната апликација. Преку апликацијата можете да ги сетирате и останатите лимити за плаќање на ПОС терминали, подигнување на готовина на банкомати АТМ и да ги менувате зависно Вашите потреби
  • Проверувајте ја состојбата на Вашата сметка и картички преку електронското или мобилно банкарство на НЛБ Банка
  • Контактирајте не преку Контакт Центарот на Банката 02/15 600
  • Обратете се во најблиската експозитура на НЛБ Банка
Доколку се сомневате дека сте ги дале своите податоци на некој сајт за кој не сте сигурни дека е безбеден или пак добиете известување за трансакции преку картичката кои не сте ги извршиле, веднаш блокирајте ги картичките и контактирајте не на 02/15 600 за понатамошни инструкции.