Банкарство 10.05.2018 12:29

НЛБ Банка со известување за реновирање на eкспозитура

НЛБ Банка со известување за реновирање на eкспозитура

НЛБ Банка ги информира своите корисници дека во периодот од 09.05.2018 до 12.05.2018 година ќе се реновира
деловниот простор на експозитурата Карпош 3.

Во периодот од 09.05.2018 (среда) до 11.05.2018 (петок), експозитурата ќе работи со скратено работно време од 08:00 до 16:00 часот, а клиентите ќе можат да реализираат само безготовински трансакции,
како и да ги користат услугите лично банкарство, кредитирање и кредитни картички. Благајните за готовински трансакции нема да работат.
На 12.05.2018 (сабота) експозитурата нема да работи.
Банката потсетува дека на располагање се секогаш електронското банкарство НЛБ Клик и мобилното банкарство НЛБ мКлик, како и Контакт центарот 02/ 15 600.