Најголемиот инвестициски фонд во светот, Норвешкиот суверен фонд, во 2018-та ги забележал вторите најголеми негативни достигнувања во историјата поради наглите флуктуации на берзите, разделувајќи се со 485 милијарди круни (50 милијарди евра), соопшти норвешката централна банка цитирана од светските агенции.
Фондот, кој инвестираше две третини од своите средства во акции, објави негативен принос од 6,1 отсто.
Гувернерот на централната банка на Норвешка, Јостејн Олсен коментира дека резултатите од 2018-та година биле лоши, но како целина со времето нормативот бил добар.
Најмногу негативни резултати се забележани од германската фармацевтска компанија „Bayer AG“, „Facebook Inc.“ и пиварата „Anheuser-Busch InBev“.
Инвестициите во обврзници имаат позитивен принос од 0,6%, како и недвижниот имот (7,5%).
На крајот на годината, фондот беше проценет на 8.256 илјади милијарди круни наспроти 8,488 илјади милијарди круни на крајот на 2017-та година.
Норвешка прв пат го депонира профитот од нафта и гас во фондот во 1996-та година, потестуваат светските агенции.