Економија 12.12.2018 11:07

Нов самит на ЕУ, повторно ќе се разговара за брегзит

Нов самит на ЕУ, повторно ќе се разговара за брегзит

Лидерите на земјите-членки ќе се состанат в четврток и петок во Брисел на редовниот декемвриски самит, на кој, иако не беше планирано, повторно ќе доминираат прашањата поврзани со брегзит, откако премиерката Тереза ​​Меј го одложи гласањето на постигнатиот договор за брегзит со ЕУ во британскиот парламентот.

Иако воопшто не беше планирано, лидерите на ЕУ ќе треба повторно да расправаат за брегзит, што би можело да ги засени другите теми.

Британската премиерка Меј во понеделникот го одложи гласањето кое беше планирано за вчера. Како што пренесуваат тамошните медиуми Меј на самитот ќе бара од лидерите на ЕУ поддршка околу ратификацијата на договорот во нејзиниот Парламент, но претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во вторникот уште еднаш повторија дека не се предвидени повторни преговори за брегзит.