Економија 29.08.2018 19:19

Нов трговски договор меѓу САД и Мексико

Нов трговски договор меѓу САД и Мексико

За новото издание на регионалниот договор за слободна трговија НАФТА, САД и Мексико преговараа една година. Сега двете страни тежнеат и кон постигнување согласност и со Канада.Разговорите со Отава почнуваат веќе денеска.

АД и Мексико постигнаа прелиминарна согласност за нов договор за слободна трговија кој ќе го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА)

Американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа истакна дека е постигнат многу добар „дил“ за двете земји и оти станува збор за голем ден за трговијата. Тој објави и дека новиот пакт ќе се нарекува „Трговски договор меѓу САД и Мексико“ и се закани дека Канада нема да биде дел од новата трговска спогодба. Претседателот сепак остави отворена врата за вклучување на Канада во новиот договор, доколку, како што рече, Отава е подготвена „чесно да преговара“.

Трамп се закани и со воведување царини за увозот на автомобили од Канада за да го зголеми притисокот врз властите во оваа земја да се согласат со договор по негова желба. По објавата на Трамп за постигнатиот договор со Мексико, индексите на Волстрит значително пораснаа. Исто така вредноста на акциите на производителите на автомобили, кои би имале полза од подобрите трговски односи меѓу САД и Мексико нагло скокнаа, а акциите на Џенерал Моторс забележа раст од дури 4,7 проценти. Големи добивки во вредноста на акцијата остварија и банките како технолошките и индустриски компании.

Министерката за надворешни работи на Канада и преговарачка за НАФТА, Кристија Фрилен, го скрати патувањето во Европа за денеска да допатува во Вашингтон и да се обиде да ги обнови преговорите со САД.

Нејзниот портпарол Адам Остин истакна дека тие ќе потпишат само нов Северноамерикански договор кој е добар за Канада и за средната класа и порача дека потписот на Канада е неопходен.

Новиот договор на САД и Мексико ќе биде во сила 16 години и ќе биде подложен на ревизија и промени на секои шест години, соопштија американските власти.

Инаку, американскиот претседател Трамп често го критикуваше 24-години важечкиот договор НАФТА како „катастрофа“ која ги убива работните места на Американците.