Актуелно 13.08.2018 18:01

Нова анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со раст на рејтингот, кај СДСМ пад на довербата

Нова анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со раст на рејтингот, кај СДСМ пад на довербата

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе две кратки истражувања во периодот помеѓу 13 и 17 Јуни и помеѓу 6 и 10 Август 2018 на 1105 (Јуни) и 1110 (Август) полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањата граѓаните ги изразуваа своите ставови за поддршката на политичките партии, а во второто истражување и ставовите за претстојниот референдум.

Целта на истражувањата беше да се анализира ефектот на договорот со Грција врз поддршката кон политичките партии.

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во август годинава пораснал на 25 проценти во однос на јуни годинава, додека на СДСМ паднал на 24 проценти во однос на јуни кога бележел 26.1 процент.

Оваа анкета е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има тенденција на раст на рејтингот која се покажува на повеќе анкети.

Последната анкета на MCMS исто така покажуваше раст на рејтингот од над 3 проценти, додека СДСМ имаше пад на довербата.

Се работи за тенденција која е резултат на поголемиот активизам на ВМРО-ДПМНЕ и ангажираноста на Мицкоски.

Добрата лидерска дебата како и отпорноста на препреки како што се надворешни и внатрешни и внатрешни наспроти аферите кај СДСМ, неостварените очекувања и договорот со Грција чие што негативно влијание ќе се осети уште дополнително во септември.