Финансии 10.09.2018 18:36

Нова веб-страница на Централниот депозитар за хартии од вредност за полесен пристап до извештаите

Нова веб-страница на Централниот депозитар за хартии од вредност за полесен пристап до извештаите

Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) денеска ја пушти новата веб-страница која ќе може да ја користат 530 издавачи и 70.000 сопственици на хартии од вредност, со што почна дигитализација на системот за крајните корисници.

Од таму информираат дека веб-страницата е изработена според потребите на корисниците и ќе нуди бесплатни релевантни и веродостојни извештаи од информативен карактер, извештаи од информативен карактер, кои се наплатуваат и верификувани извештаи со електронски потпис и временски жиг.

Имателите на акции може да ги добијат податоците за регистрација за првичен пристап преку банките или брокерските куќи кои се членки на ЦДХВ.

Досега податоците се издаваа мануелно, директно од страна на ЦДХВ. Дигитализацијата кон крајните корисници е извршена со кофинансирање од Европската банка за обнова и развој.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.