Претседателот на САД, Доналд Трамп предупреди дека уште многу може да направи за да наштети на кинеската економија, покажувајќи на тој начин дека не се откажува од трговската војна со Пекинг.
„Нивната економија значително ослабе, а имам уште многу што сакам да направам“, рече Трамп.
Кинезите сакаат да преговараат, откри Трамп и оцени дека Кина не е подготвена за тоа, а тој им дал до знаење дека треба да почекаат.
И покрај заострената реторика, Трамп и неговиот кинески колега, Си Џинпинг, планираат да се состанат на самитот „Г20“ во Аргентина, на крајот на ноември. Кина се надева дека состанокот ќе помогне да се ублажи напнатоста во трговските односи помеѓу двете земји.
Трамп во септември наметна царини за увоз од Кина од речиси 200 милијарди долари и се закани со нови. Кина одговори со царини од околу 60 милијарди долари увоз од Соединетите Американски Држави.
Вината за трговските односи со Кина, Трамп им ја препиша на поранешните американски претседатели, кои допуштиле несоодветна трговска пракса.