Да се биде претприемач во Србија воопшто не е лесно, посебно ако системот ве дефинира како ранлива категорија и спаѓате во постари од 45 години.
Во оваа категорија спаѓа Наташа Делибашиќ. Вели дека откако останала без работа била збунета и немала знаење за почнување сопствен бизнис, пишува Bizlife.
„Останав без работа во многу незгодни години за жена, плус 45 и неколку години лутав и се губев во плановите што да работам. Одев на разни обуки, психолошки работилници, разни претприемачки саеми. Кога ќе ви кажат дека решението ви е пред очи, обично не верувате така лесно, дека е така“- вели оваа жена.
Денес таа е сопственик на Fruit Fusion, компанија која се занимава со производство на овошно – енергетски производи.
Идејата ја добила од самата себе затоа што е активна и е рекреативец.
„Сакам природна, што помалку обработена храна, затоа што ме прави посилна и повитална“ – додава Делибашиќ.
Неповратно добила 350.000 динари за да почне со работа, откако ја поминала селекцијата.
Се соочила со мнгоу проблеми од амбалажа до продажба, правела и многу грешки.
Но, најголем проблем за неа била цената затоа што едно парче чини 100 динари, а во малопродажба се среќаваат и по 150 динари.