Откако речиси 60 години халогените светилки ги осветлуваа домовите на луѓето и улиците, Европската унија одлучи да ја забрани нивната употреба од 1-ви септември оваа година, пишува „Euractiv“.
Останатите резерви на овој тип на светилки најверојатно ќе бидат продадени, а линеарните светилки, капсулите и нисконапонските тела ќе бидат исфрлени.
Префрлувањето на „LED“ светилки е глобален процес. Целта е да се намалат емисиите, како и намалување на сметките за електрична енергија, велат експертите.
„LED“ диодите трошат пет пати помалку енергија, отколку халогените светилки. Укинувањето на вторите ќе го спречи пуштањето на повеќе од 15 милиони тони јаглерод годишно, што би било еднакво на потрошувачката на електрична енергија во Португалија за една година.
Производителот за тела за осветлување „Phillips“ проценува дека транзицијата ќе ги спаси потрошувачите до 124 евра годишно, затоа што „LED“ диодите имаат подолг животен век и трошат помалку енергија од халогените светилки.
Исто така, постојат противници на идејата, кои веруваат дека обидот на Европската унија да го забрани овој тип на сијалица е погрешен и негативно ќе влијае на финансиската состојба на потрошувачите.
Многу аналитичари веруваат дека халогенската сијалица може да се набави со многу помала цена, отколку „LED“ светилките, но цената на електричната енергија подоцна ќе ја надомести оваа разлика.
Просечниот животен век на конвенционалната сијалица се проценува на две години, додека „LED“ животниот циклус е помеѓу 15 и 20 години.
Во просек дом во Велика Британија има околу 10 халогени светилки, а секоја светилка се користи во просек 3 часа на ден.
Имено на зградите отпаѓа 40% од потрошувачката на енергија и осветлувањето зафаќа 15% од неа. Штетните емисии во овој случај се многу повисоки од авијацијата и броднскиот превоз во комбинација, алармираат аналитичарите.