Актуелно 01.06.2018 15:21

Oд Даљан до Костозглобна се формира цела нова населба од куќи и повеќекатници кои се градат без ни еден документ

Oд Даљан до Костозглобна се формира цела нова населба од куќи и повеќекатници кои се градат без ни еден документ

Охрид СОС денес повторно го обвини Градоначалникот на Охрид дека дозволува дивеење на нелегално градење во градот, поточно дека продолжил да се гради хотелот во Лагадин.

Од Општина Охрид за „Охрид1“ информираа дека нема промени во правниот статус на градбата и дека работите кои се изведуваат сопственикот ги правел надвор од Закон.

ДАЛИ САМО ОВОЈ ХОТЕЛ Е ДИВОГРАДБА ? КОЛКУ ОБЈЕКТИ СЕ ГРАДАТ ОД ДАЉАН ДО КОСТОЗГЛОБНА

Зошто од Охрид СОС реагираат само за овој хотел, а молчат за дваесетината дивоградби кои од ноември 2017 до денес се градат на нај атрактивни локации на езерскиот брег, како што е просторот од Даљан до Костозглобна каде полека но сигурно се формира цела нова населба од куќите и повеќе катниците кои се градат без ни еден документ.

Дибоградби од ноември 2017 почнаа да се градат и во старата чаршија, пред очите на сите, до дрвото Стар Чинар како и не Кеј Македонија.

 

извор: охрид1