Александар Продановиќ од српскиот град Ваљево направил одличен бизнис со една билка.
Оваа година шипката имаше добра откупна цена и успеал да се пласира на турскиот пазар.
Во селото Мрчич има 3000 садници, а 4.5 тони производство продава без разлика дали е свежо, суво или џем.
„Пазарот е голем, цената расте, и оваа сезона беше 80 динари по килограм. Во однос на другите култури како малина и слива, нивните цени беа ниски и шипката се покажа како поисплатлива“ – вели тој.
За шипката додава дека не бара многу вода, лесно се одгледува и садницата брзо расте.
За да се почне со овој бизнис по хектар се потребни 2500 евра вложувања.
За преработка важно е да се бираат сорти на шипка кои имаат најголем плод, а најмалку семки.
Овој човек планира површините да ги зголеми за еден хектар. Како ќе ја продава шипката понатаму, свежа или не зависи од родот.