Светот губи, но Европа трие раце од кризата која го тресе светот.
Станува збор за тензиите на економски план меѓу Кина и САД.
Новите американски царини за Кина претставуваат опасност за светската економија.
Ова го вели експертот за берза, Габриел Фелбермајр. Освен сите ризици кои ги носи новата ескалација на трговскиот конфликт меѓу САД и Кина, за Фелбермајр, тоа е шанса за ЕУ, посебно за Германија.
„Европа би можела да профитира, ако Кина охрабри концесија”- вели тој.
Конкуренцијата во германската индустрија во тој случај би била повеќе во употреба од американската.
„Додека спиралата на трговската криза меѓу Вашингтон и Пекинг расте, Европа е релативно безбедна” – изјави Фебермејр.
Производите од Европа дури и би можеле да го освојат пазарниот удел.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот објавил царини на 10 проценти на роба од Кина, во вредност од 200 милијарди долари, за идната година да можат да пораснат и на 25 проценти. Тој се заканувал со нова ескалација, на која Пекинг би требало реципрочно да одреагира. Токму така и постапиле кинеските власти во вторникот, без да одредат конкретни мерки.
Од друга страна, Џек Ма, основач и претседател на Алибаба, кинеска платформа за он-лајн трговија, соопшти дека поради актуелната трговска војна меѓу САД и Кина, неговата компанија повеќе не планира да создаде милион работни места во САД.
Производителите во Германија и во САД беа најголеми противници на зголемените тарифи.