Економија 24.11.2018 00:24

Од кои причини се намали Германската економија

Од кои причини се намали Германската економија

Главната причина за првата контракција на германската економија од 2015-та година во третиот квартал е традиционалниот мотор на раст во земјата – извозот. Ова е јасно од второто читање на податоците за најголемата европска економија.

Падот на бруто домашниот производ од 0,2%, што ги потврдува прелиминарните податоци, главно се должи на полошото претставување на автомобилскиот сектор, што сепак според Бундесбанк и Владата ќе биде привремено, соопштува Bloomberg.

Приватната потрошувачка е исто така товар на економските перформанси.

За споредба, во претходниот квартал, економијата се зголеми за 0,5%.

На годишна основа, економијата се зголемува со застој од 1,1% споредено со 2% во претходниот квартал.

Објавените податоци се уште аргумент во дебатата околу одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за тоа дали може да си дозволи прекин на програмата за парични стимулации следниот месец, како што беше планирано.

Претходно вчера, стана јасно дека раководството на ЕЦБ на својот состанок во октомври ја потврди својата намера да ги прекине мерките за купување на обврзници. За време на средбата банкарите признаваа дека постојат некои разочарувачки податоци, но прифатијадека се уште се гледа економски раст и забрзување на инфлацијата.

Од податоците е јасно дека извозот е намален за 0.9% во кварталот и приватната потрошувачка за 0.3%. Спротивно на тоа, има значителен раст на инвестициите во капиталот и градежништвото.

Трговијата како целина е најголемата пречка пред растот на БДП-то во периодот, одземајќи му 1 процентен поен, додека потрошувачката го намалува за 0,1 процентен поен. Инвестициите, пак, даваат најголем стимул за економијата, додавајќи на бруто домашниот производ 0,7 процентни поени.

Од Бундесбанк изјавија претходно оваа недела дека очекуваат да се набљудува релативно силниот раст во последниот квартал на годината, кога производството на автомобили се врати на вообичаеното темпо, откако беше отежнато поради новите правила за тестирање на штетни гасови во Германија.