Живот 10.03.2019 15:42

Од очај пробав кокаин- Потресно сведоштво на познатата актерка

Од очај пробав кокаин- Потресно сведоштво на познатата актерка

Актерката Мирјана Карановиќ е една од ретките јавни личности кои отворено проговориле за своите пороци. Мирјана во периодот кога имала дваесеттина години памети конзумирање на лесни дроги.

-Нормално во тоа време главно пушевме марихуана и хашиш. На почетокот на деведесеттите од очај неколку пати пробав кокаин, но не бев воодушевена од него, некако тоа не беше мојата дрога, искрено тогаш призна Карановиќ.
Таа имала ужасно искуство со екстази.

И после еднаш пробав екстази, но од тоа ми беше многу лошо и сфатив дека со него нема играње. Никогаш не ме привлекувала ниту еден вид зависност. Ниту од луѓе, ниту од ствари, ниту пороци…Не сакам кога некој или нешто управува со мене бидејќи јас сум личност која сака да ги контролира нештата. Да речеме, преку ноќ престанав да пушам и немам никаков проблем со тоа, раскажа Мирјана Карановиќ.

Најнови вести