Актуелно 14.02.2019 00:41

Сведоштво од автобусот на смртта: Човек кој им помагаше на жртвите ги раскажа првите моменти по несреќата

Сведоштво од автобусот на смртта: Човек кој им помагаше на жртвите ги раскажа првите моменти по несреќата

Трагедијата која денеска се случи на автопатот Скопје-Тетово и траорната слика која ги дочека првите граѓаните кои пристигнаа на местото ќе ја паметат засекогаш.

ТВ21 пренесува сведоштва на граѓаните кои први пристигнале на местото.

„Автобусот беше превртен, лелек и плач се слушаше од сите страни. Со голи раце го кренавме автобусот и сакавме да го превртиме за да почнеме да им помагаме на повредените. Оваа слика која денеска ја видов нема никогаш да ја заборавам“!

Врз седум лица кои загинале во денешната страшна несреќа на автопатот Скопје-Тетово е наредено да се направи обдукција, која ќе треба да покаже која е причината за смртта на овие патници.

Голем дел од повредените се сместени во болницата „8-ми септември“ од каде потврдуваат дека хоспитализирани биле 32 лица.

Бројот на загинати е 13 лица.