Второто полугодие требаше да почне вчера, меѓутоа Владата во неделата донесе одлука учениците да останат дома во следните денови поради загадувањето на воздухот.
Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година започнува утре и важи за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во земјата.
Одлуката, како што информираат од МОН, е донесена во согласност со препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух.
Второто полугодие требаше да почне вчера, меѓутоа Владата во неделата донесе одлука учениците да останат дома во следните денови поради загадувањето на воздухот.