Податоците на Евростат покажуваат дека од земјите-членки на Европската Унија, храната е најевтина во Полска, а најскапа во Данска.
Во Данска цените на производите и услугите се 42 отсто над просекот во Унијата. Во Луксембург се 27 отсто над просекот, а следуваат Ирска и Шведска. Двојно помали цени од просекот во ЕУ имаат Бугарија, Романија и Полска.
Кога станува збор за цената на храната, потрошувачката кошничка во Данска е двојно поскапа од просекот во ЕУ, а во Романија е 39 отсто под просекот. Храната е најевтина во Полска, а најскапа освен во Данска е во Австрија, Шведска и Луксембург.