Актуелно 24.11.2018 20:11

Одбраната на Мијалков тврди дека изречениот притвор е политичко, а не правно решение

Одбраната на Мијалков тврди дека изречениот притвор е политичко, а не правно решение

Изречениот притвор за Сашо Мијалков е политичко, а не правно решение, вели одбраната.

Додаваат дека не постои никаква основа за мерките на претпазливост да бидат укинати и заострени бидејки не е сменета ниту една околност во однос на моментот кога му се изрецени.

„Аргументите на СЈО не соодветствуваат со реалноста. Законот се крши по три основи кои ги потврдуваат сомненијата дека не станува збор за право и правда туку за политика.“

-Прво, спротивно на сите конвенции, господинот Мијалков и ние како негова одбрана воопшто не сме повикани да се произнесеме во однос на барањето на СЈО. Второ, нема ниту еден аргумент дека има некаква промена во околностите во однос на предметите кои се водат против господинот Мијалков. Трето, целосно се неосновани аргументите приложени во барањето на СЈО.

Одбраната на Сашо Мијалков најостро ги отфрла твердењата на СЈО дека тој има каква било поврзаност со наводните 11 милиони евра за кои СЈО побара притвор, а судот го усвои предлогот.

-Одбраната бара обвинителството и судот јавно ги обелоденат наводните докази од причина што тврдиме дека такви не постојат и дека наводните трансакции немаат никаква поврзаност со г.Мијалков. Исто така настрана од овие лажни тврдења определениот притвор е незаконски поради фактот сто Сашо Мијалков повеќе од година ипол ги почитува определените мерки на претпазливост и се јавува на сите покани од судот и обвинителството.

Впрочем дента кога е лишен од слобода се јавил во СЈО на покана на Катица Јанева и ниту планирал ниту превземал дејствија за бекатво.

-На крај целиот имот со кој располага Мијалков е јавен, заведен во јавните книги во Република Македонија и во странство, а на судот и на обвинителството тој имот им е познат и досега, но судот и обвинителството не го сметале како околност поради која Сашо Мијалков може да се даде во бегство единствена причина поради која му е изречен притворот е да се прикрие бегството на Никола Груевски, односно да се скрие неспособноста и непрофесионалноста на државните органи.

Најнови вести