Економија 30.10.2018 13:33

Одлучено е која ќе биде алтернативна дестинација наместо Лондон по Брегзит

Одлучено е која ќе биде алтернативна дестинација наместо Лондон по Брегзит

Холандскиот регулатор за финансиски пазари – AFM соопшти дека се подготвува за 20-кратно зголемувањена тргувањето на својата инфраструктура во случај Велика Британија да ја напушти Европската унија во март следната година без договор.

Додека банките се преселуваат во Франкфурт и Париз, а средствата за управување со недвижнини во Луксембург и во Даблин, брокерските куќи имаат тенденција да се насочат кон Холандија, како алтернатива дестинација, наместо Лондон, по „Брегзитот“.

“Додека фокусот на преговорите е ставен на царинските прашања, трансферот на капиталот се одвива тивко и сигурно во европските пазари на капитал”, вели AFM и додаде дека се водат преговори со повеќе од 150 субјекти заинтересирани за добивање на дозвола за тргување на холандската берза.

Претседател на AFMи Мерел ван Врунховен рече дека очекува од 30 до 40 отсто од европските тргувања со хартии од вредност да бидат направени во Холандија, што ќе ја направи земјата центарот на финансиското тргување во Европската унија.