Актуелно 14.09.2018 12:10

„ОхридСкај“: Референдумот е пред колапс, покажуваат анкетите на ОБСЕ

„ОхридСкај“: Референдумот е пред колапс, покажуваат анкетите на ОБСЕ

Референдумот на 30 септември е пред колапс, објавува порталот „ОхридСкај“ која дошла до официјални анкети на ОБСЕ, кои се однесуваат околу излезеноста.

Како што пишува порталот, според анкетите кои ги изврши ОБСЕ за нивни потреби, излезеноста за претстојниот референдум ќе биде 32,3 % или вкупниот број на лица со право на глас, 1.910.000 на претстојниот реферндум заклучно со денешниот ден (13.09.2018 година) би излегле 32,3 % или 616,930 граѓани со право на глас.

Според анкетата на ОБСЕ, оваа бројка има значение дека претстојниот референдум, ако се оди по оваа математика, референдумот би доживеал фијаско од причина што за да се оствари цензусот потребен за успешен референдум недостасуваат уште 300 илјади гласачи.

Ваквата незаинересираност на граѓаните се должи на фактот дека партиите кои се во власта ги изневериле своите гласачи, незадоволството кај народот е огромно. Но, од ОБСЕ, неофицијално, велат дека медиумската пропаганда за претстојниот референдум на партиите на власт е комплентно промашена. Според нив, маркетингшките пропаганди на Фејсбук, Твитер и Инстрагам не допираат до граѓаните, посебно во помалите средини каде населението послабо ги користи овие социјални мрежи.

Медиумскиот простор во Македонија има слаба застапеност за претстојниот референдум, а познавачите предупредуваат дека доколку партииите на власт не ја променат својата стратегија и не се насочат кон реалните проблеми на претстојниот референдум ќе доживеат вистинско фијаско.