Трендот на купување скапи автомобили со народни пари не запира. Малата општина Василево на лизинг купи Шкода Октавиа од 23 илјади евра. Градоначалникот Марјан Јанев само пред една година се жалеше дека општината е во огромни долгови и дека заклучно со 2017 должи 100 милиони денари, пренесува „Фактор“.
Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, малата општина уплатила 20 отсто од сумата како учество или 255 илјади денари, а возилото ќе го исплаќа следните 60 месеци.