Музичарот Златко Ориѓански се сомнева во пејачките квалитети и меѓународни музички успеси на оперската ѕвезда Игор Дурловски, кој по две години прогон беше ослободен од обвинение за тероризам за настаните од 27 април.
-Ако Дурловски е големиот светски пејач, баба ми е фантастична пич*ка”, напиша Ориѓански кој е поддржувач на премиерот Заев, а настапуваше на двете последни изборни кампањи на СДСМ.
Покрај музичката кариера што ја градел 30 години Ориѓански е пензиониран припадник на МВР каде се вработил по средното училиште. Негов најголем успех е учеството во тимот која изработи музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.
Игор Дурловски настапувал на низа престижни оперски сцени, а во Македонија се врати од Германија каде неколку години матична куќа му беше државната опера во Кесел.