Актуелно 22.02.2019 00:16

Осуденици на 40 години затвор за Диво Насеље се напаѓачите на Јанакиески и Ристовски

Осуденици на 40 години затвор за Диво Насеље се напаѓачите на Јанакиески и Ристовски

Од затворот Скопје, првин се огласија со соопштение во кое велат дека и Ристовски и Јанакиески вербално провоцирале во две засебни прошетки по што биле нападнати и им била пружена лекарска помош. Напаѓачи се двајца осуденици за Диво Насеље, Лирим Красниќи и Есад Кафеџоли осудени на по 40 години затвор и чекаат врховен да одлучи по нивни жалби, објави телевизија Телма. Потоа во изјава за медиумите, раководството на затворската управа го осуди насилството, вети безбедност на притворениците и најави целосна истрага.

Миле Јанакиески имал повреди на главата и на раката и барал да биде префрлен во болница. Директорот на градска болница 8-ми септември рече дека не се констатирани физички повреди и Јанакиески доцна вечерва е вратен во Шутка.