Врската меѓу една мајка и нејзиниот син е силна и нераскинлива. Таа е пример за својот син. Ова се 10 работи кои секоја мајка треба да му ги каже на својот син.
1. Избери спорт кој го сакаш
Тоа ќе те научи како чесно да победуваш, како да губиш со грациозност, како да го управуваш своето време, како да почитуваш авторитети и да работиш и соработуваш со другите.
2. Штеди додека си млад…
Бидејќи ќе ти бидат потребни пари за сите нешта кои ќе ги посакаш, а ќе имаш многу желби.
3. Не повредувај една жена…
Само за да им покажеш на другите дека вредиш. Доколку навистина вредиш, никогаш нема да имаш потреба да бидеш над друга личност.
4. Никогаш не почнувај кавга или тепачка
Никогаш не се спуштај на ниво на еден идиот. Не почнувај кавги и тепачки, но ако некој те нападне, обиди се да се одбраниш.
5. Твоето знаење и образование се нешто што никој не може да ти го одземе
Постојано учи нешто ново, црпи знаење од многу извори. Биди љубопитен. Тоа ќе ти биде потребно во животот.
6. Меѓусебното разбирање е клуч за добра врска
Почитувај ја жената која ќе ја избереш. Немој да мислиш дека е на пониско ниво од тебе само поради тоа што е жена. Правете ги работите заедно и не ги делете на машки и женски работи.
7 . Врсничкиот притисок е страшно нешто
Биди добра личност, така ќе бидеш и добар лидер. Покажи го своето добро воспитување каде и да се појавиш.
8. Запамети да ја почитуваш својата мајка
Јави и се од време на време бидејќи ќе и недостигаш. Почитувај ја и грижи се за неа. Таа е жената поради која си тука на овој свет.