Финансии 22.09.2023 12:20

Отскокнуваат од останатите плати во земјава: Еве ја листата на највисоки примања

Отскокнуваат од останатите плати во земјава: Еве ја листата на највисоки примања

По објавата на последните податоци за платите во Македонија, анализата на примањата на работниците во нашата земја, покажуваат дека програмирите и понатаму отскокнуваат од средината.

Вработените кои спаѓаат во секторот компјутерско програмирање, консултантски исродни дејности се убедливо на врвот, дополнително што притоа имаат плати кои се значително повисоки од останатите плати кои важат за повисоки примања во земјава.

Меѓу топ пет најплатените професии покрај програмерите се и научните дејности, производители на машини, оние во финансискиот и правниот сектор.

За потсетување Државниот завод за статистика вчера објави дека просечната нето плата во земајва во месец јули инесувала 36.286 денари. Иако на годишно ниво има раст, таа сепа е помала отколку во јуни и во мај месец годинава. Имено, во месец јуни годинава просечната плата изнесувала 36.527 денари, додека пак во мај 36.465 денари.

Еве ја листата на највисоки плати во Македонија согласно последните податоци на Државниот завод за статистика:

– Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 91.970 ден.

– Останати стручни, научни и технички дејности 61.687 ден.

– Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место 60.198 ден.

– Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 53.262 ден.

– Правни и сметководствени дејности 52.738 ден.

– Управувачки дејности; советување во врска со управувањето 51.832 ден.

– Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот 50.065 ден.

– Вадење на руди на метал 48.296 ден.

– Дејности на организации врз база на зачленување 48.282 ден.

– Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 46.918 ден.