Мозаик 19.11.2018 15:51

Отворена најбрзата пруга во Африка

Отворена најбрзата пруга во Африка

Мароканскиот крал Мохамед Шести и францускиот претседател Емануел Макрон ја отворија железничката пруга за брзи возови Тангер – Казабланка. Пругата е претставена како најбрза во Африка и е симбол на партнерството меѓу Париз и Раба

Возовите на новата линија, според најавите, би требало да почнат првите патници да ги превезуваат на крајот на ноември, а 350 километри меѓу двата економски центра во Мароко ќе се поминат за два часа.

Возот тргна од огромната реновирана железничка станица во Тангер и за нешто повеќе од еден час пристигна во Рабат пред предвиденото време. Според најавите на медиумите, првиот марокански брз воз го нарушил сообраќајот на обичните возови.