Финансии 20.02.2024 09:12

Отворените инвестициски фондови со плус 16,8 милиони евра во јануари

Отворените инвестициски фондови со плус 16,8 милиони евра во јануари

Месечно зголемување од 9,31 процент е забележано кај нето-вредноста на отворените инвестициски фондови. Износот е 14,7 милијарди денари, односно 239 милиони евра.

Во текот на јануари работата подобро им одела, а во прилог на тоа се споредбените податоци. На последниот ден од декември нивната нето-вредноста била 218,6 милиони евра, а во однос на ноември имало зголемуавње од 2,6 проценти.

Од месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност се гледа дека вкупниот прилив на средства во првиот месец од годинава се брпо со 27,3 милиони евра. Паралелата со декември упатува на зголемување од 21,53 насто, затоа што тогаш во оваа ставка биле забележани 22,4 милиони евра.

Единствено, месечно намалување има кај одливот на пари од отворените инвестициски фондови. И тоа, за 48,31 отсто во споредба со декември. Па, во јануари изнесувале 10,4 милиони евра и се речиси двојно пониски од декемвриските 20,18 милиони евра.

Отворените инвестициски фондови го завршиле јануари во позитива од 16,8 милиони евра, колку што изнесува нето-разликата меѓу реализираните приливи и одливи која, пак, е значително пониска од оние 2,3 милиони евра во декември 2023 година.

()