Чудо од дете е Душан Кртолица од Србија, кој почнал да црта уште на двегодишна возраст.
Децата го гледаат светот на поинаков начин со помош на нивната плодна фантазија. За Кртолица, природата е инспирација. Тој е фасциниран од животните и од природата како целина, па почнал да ги црта на хартија.
Родителите го увидоа неговиот талент кога бил на 4-годишна возраст и затоа го запишале во уметничко училиште. На возраст од 8 години неговите уметнички дела биле изложени во училиштето и привлекле големо внимание.
На 10-годишна возраст Душан се насочил кон луѓето. Неговиот цртеж со витез и луѓе околу него е навистина реалистичен. Ако му дојде инспирација, тој може да нацрта што било.
На 13-годишна возраст Кртолица напишал енциклопедија во која ги изработил и цртежите. Енциклопедијата е за праисторискиот свет и оригинално била објавена на српски јазик, а сега ќе има и превод на англиски јазик.