Економија 08.01.2019 13:28

Ова е бројот на фриленсери во Македонија

Ова е бројот на фриленсери во Македонија

Некогаш сте се запрашале колку фриленсери има во светот? Што прават или од кои земји се?, пишува analyticshelp.io.

Фриленс како кариера најмногу се шири во Србија, каде што има 3.52 фриленсери на 1000 луѓе кои живеат таму.

Потоа следува Македонија со 3.41 фриленсери на 1000 луѓе, Јамајка со 2.43 лица и Ерменија со 2.18 луѓе од 1.000 жители.

САД се рангираат на 5-тото место со 1.72 фриленсери на 1000 луѓе, додека Црна Гора и “Босна и Херцеговина” се рангираат на 6-то и 7-то место со 1.58 и 1.55 фриленсери на 1000 луѓе.

 

САД имаат најголем број фриленсери – 558.965, од кои 13,90% или 77.677 се активни во изминатите 3 месеци. Потоа следува Индија со 245.342(од кои 14% биле активни во изминатите 3 месеци) и Филипини со 162.233 фриленсери.

62,442 има Пакистан, 55,449 има Бангладеш, 53,889 Обединетото Кралство, 53,529 фриленсери има Украина, 44,534 има Русија, 41,170 во Канада, 33,610 има Египет.

Понатаму на листата, 24.605 фриленсери има соседна Србија, а зад неа е Бразил со 21,028 фриленсери.

Австралија има 21,018 фриленсери, 19,032 има во Индонезија, 18,042 во Кенија, 16,731 во Романија, во Италија во 14,027 и во Малезија 13,335 фриленсери.