Моите деца не се одлични ученици. Тие немаат чувство дека е неопходно сето тоа што се очекува од нив, па приоритетите ги утврдуваат сами. За мене секое одење на отворени денови е мачно и кога по родителска ќе ми кажат да останам.
Отсекогаш сум им се восхитувала на вредните, посветени деца кои се одлични ученици, тренираат два спорта, свират некој инструмент и подеднакво се успешни во сè. Им завидував на родителите кои имаат такви деца, особено ним за вложениот напор и сила сето тоа да го организираат, поднесат и остварат.
Моето срце беше полно заради сликите на социјалните мрежи, каде што децата ги бакнуваат своите златни медали, а не знам ниту кои се, ниту чии се. Во мојот ум, тивко изговорав алал да им е, за секоја фотографија на книшка со сите петки, потајно горда на фактот дека такви деца постојат и растат тука меѓу нас. Вредно, упорно туркаат низ животот и ги прават своите родители горди.
Моите деца не се одлични ученици. Тие немаат чувство дека сето тоа што се очекува од нив е неопходно, па самите ги утврдуваат приоритетите. За мене секое одење на отворени денови е мачно и кога по родителска средба ќе ми кажат да останам. Притиснете ги малку, вели наставникот. Ги притискам и премногу, но ниту тоа како што изгледа не е доволно. Посилно да притискам, не умеам.
Што значи, воопшто, притискајте ги?
Се нервирав, ме болеше, затоа што сакав да им покажам колку успехот е нешто прекрасно, и колку човекот се чувствува гордо. Во еден момент сфатив дека сакам и очекувам од нив сопствен успех во училиште, и дека тоа е невозможно. Тие не се јас. Јас не знам како да им создадам чувство дека треба да учат во училиште уште четири часа.
Постојано се сами, додека сум на работа. За тоа време, многу малку учат. Ја завршуваат својата домашна задача, а потоа прават прилично неверојатни работи. Тоа се работи заради кои јас сум горда на нив. Тоа се нивните златни медали, со изгравирано мое име. Никогаш не се објавени на било која социјална мрежа.
Моите мали девојчиња одлучиле да ми направат торта. Вистинска. Со шлаг одозгора. Откриле лесен рецепт на нет и ми ја добив за роденден. Ставиле и свеќички. Заштедиле од ужинката. Тој ден не јаделе во училиште за да имам црвен број 40 на тортата. Синот ги поправил фиоките кои се разлабавиле. Тогаш плачев, и тие плачеа. Заедно јадевме од тортата, а потоа со кучето на прошетка. Јас ги частев ќебапи.
Од нив добивам саксии со засадени цвеќиња, грашок со шеќер, домашен печен леб (се сеќавам дека изгледаше како нешто дрвено), сменети светилки, поправени рачки на вратите, средена тераса со отворено пиво кое ме чекаше на маса. Ми пуштаат омилени песни кога влегувам дома.
Ми пишуваат песни, цртаат ремек-дела на кои пишува дека тоа е токму за мене и дека јас сум најдобрата на светот. Купишта подароци изработени од платно, стапчиња од сладолед, лакови за нокти и тестенини. Ја исцртале мојата бела, досадна памучна ноќница со маркери, за да биде шарена за спиење, во неа поубаво да сонувам. Некој пат знаат кадата и мијалникот да ги исчистат, да ги измијат и испружат алишатата. Ја менуваат сами својата постелнина, а мене мојата омилена портокалова. Ми изработиле обетки од цреши кои самите ги собрале, ме тешат кога има премногу тешки денови.
Не грижи се мамо, сè ќе биде во ред, еве ние ја средивме куќата, знаеме дека, тоа те радува.
Одат во набавка, го бањаат кучето и го носат на ветеринар. Им помогаат на другугарите во училиште.
Ми го мачкаат грбот кога ќе се вкочанам и лежат покрај мене во вечерните часови пред телевизор сè додека не заспијам. Ми прават чај кога сум болна, и палачинки за да оздравам што е можно поскоро. Илјадници утрински кафиња ме чекаат на балкон. Ми носат мачки, кученца, ежиња и врана да ги спасиме заедно. Ми оставаат најсмешни пораки на фрижидер, ја разбрале мојата одлука да не живееме со нивниот татко, ја разбрале мојата нова љубов, ги прифатиле сите промени и се адаптирале без прашање.
Тие секогаш се мојата сила, движечка сила и инспирација. Мојот тим.
Нивните големи дела, ги прават нив тројцата најголеми личности во мојот живот. Од мене не проговара пристрасност, туку гордост на она што во својот дом направив расадник на квалитетни луѓе кои ќе се снајдат во животот каде и да се најдат.
Ниту една петка по математика, физика и хемија, тоа не може да го заменет.