Финансии 27.06.2024 11:17

Ова се најслабо платените работници во државава

Ова се најслабо платените работници во државава

Кој има најмала плата во Македонија и кои дејности се најмалку платените и најизбегнувани? Имено, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година достигнала 41.085 денари, согласно последните податоци на Дравниот завод за статистика.

Податоците кои ги објавува ДЗС покажуваат дека убедливо најниски плати во ар примиле работниците во секоторот заштитни и истражни дејности кои спаѓаат во категорија административни и помошни дејности и кои добиваат плата која е благо над минималецот во земајва.

Во групата пет најниски плати во земјава се и текстилците, работниците задолжени за кожна обработка, или пак за одржување згради.

– Заштитни и истражни дејности 22.397
– Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата 26.019
– Рибарство и аквакултура 26.076
– Производство на облека 27.366
– Производство на кожа и сични производи од кожа 27.422

Според бројките на ДЗС, меѓу слабо платените работници се и работниците кои вадат кокс, но и оние кои се во угостителскиот сектор и кои се задолжени за подготовка или служење храна. Дури и ветеринарите и производителите на мебел се во групата работници со најниски пимање.

– Производство на кокс и рафинирани нафтени производи 27.626
– Дејности за подготовка на оброци и служење на храна 28.396
– Ветеринарни дејности 28.491
– Производство на мебел 28.812
– Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал 29.210 денари.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.