Економија 25.07.2019 09:25

Ова се земјите со најмногу милијардери: На листата нема богаташи од поранешните југословенски земји

Ова се земјите со најмногу милијардери: На листата нема богаташи од поранешните југословенски земји

Најмногу милијардери во светот живеат во САД, од нив 607 со имот вреден 3.111 милијарди долари, според податоците на американскиот магазин Forbes.

Следува Кина со 324 милијардери кои вкупно тежат 980 милијарди долари.

Во Европа најмногу милијардери има Германија – 114, со вкупно богатство од 500 милијарди долари.

Германија во исто време е трета во светот.

Русија има 98 милијардери со средства од 421 милијарди долари.

Обединетото Кралство има 54 милијардери со средства од 182 милијарди долари. Французите имаат 41 милијардер но нивното богатство е околу 330 милијарди долари.

Италија има 35 милијардери, Швајцарија и Шведска по 33, Шпанија 29.

Турција има 25 милијардери. Норвешка има 15, Холандија и Данска 10, Ирска и Австрија по 9, а нешто помалку имаат другите европски земји.

Forbes сеуште не следи ниту еден од богатите луѓе од земјите од поранешна Југославија.

Инаку, Индија има 106 милијардери кои вкупно имаат 405 милијарди долари.

Хонг Конг има 71, Јужна Кореја и Тајван 40, Јапонија 32, Тајланд 31, Сингапур 22….

Австралија има 36 милијардери, Канада 45, Мексико 17…

Во Јужна Америка најмногу милијардери има Бразил – 58.