Претстојната зима и покрај тоа што ќе биде малку потопла од вообичаено, темеператирите ќе се движат во границите на нормалата, но затоа пак, треба да очекуваме повеќе врнежи. Најврнежливи месеци ќе бидат јануари и февруари кога врнежите ќе го надминат просекот. Покрај врнежите од дожд, треба да се очекуваат и врнежи од снег и тоа како на повисоките места така и на пониските (низ градовите), стои во конечната анализа на временската состојба што ја подготви Славчо Поповски.
Секако како и изминатите години, така и оваа година не се исклучуваат и изразени поларни бранови од Арктикот, кои би условувале многу ниски температури на воздухот.