Клер и Лаура Џонсон не се обични блогерки кои пишуваат за патувања.
„Почнавме како близначки кои патуваат“ – вели 31 годишната Лаура.
Сестрите со работа почнале во 2014 година кога нивните постови биле полни со фотографии и пејзажи.
Потоа станале препознатливи како близначки кои патуваат, и по илјадници поминати километри и исто толку следбеници, работата добро им оди.
Признаваат дека со поединечен блог ниту една од нив две не би успеала толку.
Клер вели дека брендовите со кои соработуваат играат со маркетиншкото оружје дека тие се близначки.
За работата раскажуваат дека често се караат, но поврзани се и не можат една без друга.