Актуелно 20.02.2019 00:54

Социјалните мрежи вријат: Костадин, висок морал е воопшто да не си ја вработиш сопствената мајка!

Социјалните мрежи вријат: Костадин, висок морал е воопшто да не си ја вработиш сопствената мајка!

По изјавата на портпаролот и пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов, дека мајка му ќе си поднесе оставка од „морални причини“ од Централниот регистар каде што се вработи пред само неколку месеци како единствен подобен кандидат со средно образование, социјалните мрежи вријат со негативни коментари.

Според голем број на граѓани оваа постапка е далеку од „морална“ како што сакаат да ја прикажат Костадин Костадинов,  министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски како и актуелната влада на СДСМ.

Дел од коментарите на граѓаните се дека оставка си дала од што мора, а не затоа што е морална. Велат, да се имало морал немало ниту да ја вработи сопствената мајка, другите прашуваат зошто поднела оставка од работното место ако нејзиното вработување било транспарентно како што и тој самиот кажуваше, како и дека требало до крај да се истражи нејзиното вработување нагласувајќи дека тој од позицијата пратеник и портпарол на владејачката СДСМ влијаеле за нејзиното вработување.

Граѓаните бараат сите вработувања кои деновиве се уште поактуелни, на ќерките, синовите како и блиските роднини на пратениците на СДСМ и високите функционери на владата да се преиспитаат и точно да се утврди начинот на нивното вработување, како и тоа дали постоело фаворизирање на кандидатите, што во случајот е се поочигледно дека постоело.