Kiwi 4 е уред што се поврзува со автомобилот, добива информации од него и безжично ги пренесува до телефон, таблет, паметен часовник или компјутер преку бесплатна апликација.
Тој е компатибилен со сите автомобили од 1996 година па наваму, со оперативните системи iOS, Android, Windows, Mac, and Linux, а има вградено и звучници. Ова е 4-та генерација на ваков производ на Kiwi, преку којашто корисникот добива известувања и предупредувања за можни проблеми со автомобилот, а може да се стави и SD картичка. Kiwi 4 преку анализа на перформансите на автомобилот, како моќност, забрзување и слично, обезбедува информации за оптимален начин на возење со којшто корисникот би заштедил гориво, а со тоа и пари. Производот е дело на старт-ап со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, а има и своја кампања на платформата Kickstarter. Преку кампањата досега се собрани 136.344 долари од потребните 25.000 долари. Првите испораки на производот се очекува да бидат во ноември годинава.
Паметен уред за автомобили кој дава известувања и предупредувања за можни проблеми со автомобилот
