Актуелно 07.02.2019 23:27

Пандов: Законот за двојазичност се повеќе ќе ги оддалечува Македонците и Албанците

Пандов: Законот за двојазичност се повеќе ќе ги оддалечува Македонците и Албанците

Аналитичарот Александар Пандов во емисијата Отворено на Алфа телевизија изјави дека со Законот за двојазичност имаме два официјални јазици и самиот закон каков што е не е интегрирачки туку создава поголеми поделби помеѓу граѓаните во Република Македонија и се повеќе ќе ги оддалечува Македонците и Албанците.

Пандов посочи дека законот за двојазичност се донесе противзаконски и противуставно без да се дозволи да се дискутира за амандманите на опозицијата, а потоа Талат Џафери незаконски го објави и затоа ако постои право во Македонија, Уставниот суд ќе го укине.

Според него законот треба да биде вратен во Собрание и со учество на сите политички партии да биде донесен за општо на сите граѓани на Република Македонија, а не само како сега само едни да добиваат, а одредени политичари заради сопствена агенда да го носат насилнички и предизборно.

– Не гледам никаква добра намера ниту ДУИ ниту во Заев и СДСМ дека го носат законот за правење на арно за Албанците, во овој закон се гледа политичка агенда на ДУИ и Заев за билдање на својот рејтинг, а Македонците и Албанците им се последни и соживотот кој што постојано го говорат им се на последно место, истакна Пандов.