Во Хрватска за лекување депресија премногу се користат евтини лекови кои предизвикуваат психичка и физичка зависност, покажуваат резултатите од споредбеното истражување меѓу Хрватска и Шведска кои ќе бидат објавени во меѓународно списание.
Група хрватски и шведски експерти ги подготвила за објава во онлајн списанието “Expert Review of Pharmacoeconomics &Outcomes“ резултатите од истражувањето на употреба во психотропни лекови, во кое е откриено дека во Хрватска најмногу се пропишуваат бензодиазапини, а во Шведска антидепресиви. Бенздиазапини во Шведска се потенцијално несоодветни.
Бензодиазепините се група психоактивни лекови кои служат како депресанти и често се користат за да им помогнат на пациентите да ја надминат болката и анксиозноста и да им овозможат полесен сон. Најпознати претставници се диазепам, во кој спаѓаат апаурин и бенседин: лоразепам и бромазепам во кој спаѓаат лексаурин и лексилиум како и апралозам кои спаѓаатк санакс и ксалои.
Во Шведска бензодизепините се наоѓаат на листата лекови со ограничена употреба и се сметаат за потенцијално несоодветни, посебно кај постарите лица, истакнуваат Инес Поточњак, Роберт Ликиќ и Весна Дегорицие од Унвиерзитетската болница, како и шветските автори Ерик Нам и Бјорн Ветермарк.
Психотропните лекови во пораст
Пропишувањето психотропни лекови насекаде е во пораст. Во Хрватска е зголемено од 127 препишани дневни дози во 2014, на 131 пропишана дневна доза во 2015 година. Шведска значително повеќе користи психотропни лекови. Таа својата потрошувачка ја зголеми од 138 пропишани дневни дози во 2014 на 188 во 2015 година.
Но постојат значителни разлики, истакнуваат авторите на истражувањето. Во Хрватска употребата на бензодиазепински деривати изнесувала 72,5 пропишани дневни дозви во 2014 година и се зголемила на 74,4 пропишани дневни дози во 2015 година, додека во Шведска употребата на бензодиазепин во обете години изнесувала само по 11,2 пропишани дневни дози.
Во Хрватска употребата на анксиолитици била 4,8 пати поголема а употребата на бензодиазепински деривати 6,7 пати поголема отколку во Шведска, покажуваат резултатите.
Во Шведска употребата на антидепресиви без нус појави
Во Шведска е се поголема употребата на селективни инхибитори на повторно складирање серотонин отколку во Хрватска. Тоа е група понови антидепресиви, кои воедно се викаат дуални антидепресиви, поради механизмот на дејствување на селективна инхибиција на повторно складирање повеќе невротрансмитери, но без нус појави кои ги имаа трицикличните антидепресиви.
Во Шведска во истражуваните години употребата на селективни инхибитори изнесувала 59,8 и 62,5 пропишани дневни дози, а во Хрватска само 19,7 и 19,6 пропишани дневни дози. Исто така употребата на циталопарми во Шведска е 20 пати поголема отколку во Хрватска.
Значи употребата на антидепресиви била 3,3 пати поголема во Шведска посебно за селективните инхибитори на повторно складирање серотонин.
Веруваме дека значителните разлики можат да се објаснат со застарени и некритични постапки на пропишување на бензодијазепим, лошо управување со психотерапија, слаб социоекономски статус и пониски цени на бензодиазепините во Хрватска, објаснуваат авторите.
Во Хрватска се препишуваат поевтини лекови
Во Хрватска бензодијазепини на рецепт пропишуваат лекари од општа и семејна медицина и психијатрија, додека во Шведска и некои други земји употребата на бензодијазепин е ограничена.
Лекарите од општа пракса во Хрватска пропишуваат бензодијазепини наместо антидепресиви за лекување депресија бидејќи се поевтини од антидепресиви.
Бензодијазепините предизвикуваат зависност после шест недели примена и создаваат траен проблем. Поради тоа, според шведскиот Национален сојуз за здравје и добробит, се сметаат за потенцијално несоодветни лекови.
Во Хрватска би требало да се ограничи автономијата на лекарите во врска со пропишување на тие лекови, како што е случај во Шведска, бидејќи рационалното користење психотропни лекови е од големо јавно значење, заклучуваат авторите на написот кој ќе биде објавен во онлајн списанието “Expert Review of Pharmacoeconomices &Outcomes“.