Мозаик 16.11.2018 12:23

Пет постапки кои не можат да бидат простени

Пет постапки кои не можат да бидат простени

Има постапки кои во ниту еден случај не треба да бидат простени. Некои од нив се болни, па таквата љубов не треба да се оживува.

Пет работи кои не заслужуваат „втора шанса“:

Прељуба
Ако вашиот партнер е неверен, нема потреба и понатаму да бидете во негово друштво, како ни тој во ваше.

Лага
Без оглед дали се работи за ситна или крупна лага нема потреба да биде во вашиот свет, бидејќи невистините се надоврзуваат една на друга.

Љубомора
Иако можеби мислите дека можете да се изборите со лице кое е љубоморно, сепак двапати размислете – на крај секогаш паѓаат „маските“.

Навреди и агресивност
Не се исто, но подеднакво се страшни. Никој не е должен да трпи нечии навреди, како и насилно однесување.

Манипулација
Партнерот кој манипулира во врската најчесто се плаши самиот од себе, иако изгледа доволно самоуверено. Никој не смее да ви наредува, ниту да бара да правите или зборувате работи против своја волја.