Финансии 24.01.2019 20:25

Пет содржини за крипто почетници

Пет содржини за крипто почетници

Веќе подолго време на Смартпортал пишуваме за крипто светот. Поточно, за Биткоин почнавме да пишуваме од 2015. Дали од политичка, економска или технолошка перспектива, од тогаш редовно објавуваме разни колумни и стории. Сепак, факт е дека зборуваме за нова технологија, се’ уште на маргините на fintech светот. На дневна основа имаме луѓе кои се запознаваат или сакаат да навлезат подлабоко во овој универзум.

  1. Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic System, т.н. White Paper со кој Сатоши Накамото го лансираше Биткоин во 2009. Библијата.:) Целата идеја, изворно од „таткото“ на Биткоин. Други текстови кои го објасуваат поедноставно овој документ има еден куп и се добра комплементарна содржина (неколку предлози: 1234).
  2. Code Meets Money, предобар стрип од Abra (апликација за инвестирање во крипто-валути) и Unbanked за минатото, сегашноста и иднината на Биткоин и потребата од пари кои ќе бидат native на Интернетот.
  3. Economics of Bitcoin: is Bitcoin an alternative to fiat currencies and gold?. Станува збор за малку подолг текст (дипломски труд) во кој се презентира влијанието на Австриската економска школа и либертаријанската политичка мисла врз крипто-валутите. За оние кои не се по долги текстови, Џефри Такер има кратка колумна на истата тема. Исто така, во два текста на Смартпортал („Идејните татковци на Биткоин“, дел 1 и дел 2) ја обработивме оваа тема. Биткоин е пред се либертаријанска политичка-економска иновација. Технологијата е само алатка!
  4. The Crypto Anarchist Manifesto, напишано од Тимоти Меј во 1988. Имено, раѓањето на Биткоин не падна од небо – станува збор за реализација на cypherpunk идеи и експерименти постари од 30 години. Еден од највлијателни хакери во тие кругови бил и Тимоти Меј. Ова е неговиот кус манифест. You should know your history. За историјата на Биткоин, пишувавме и на Смартпортал (12).
  5. За крај, сите текстови кои ги пишуваме во рубриката Крипто 101 објаснуваат основни крипто концепти и токму поентата на рубрикрата е да ја доловат оваа тема до „гуштерите“. Од мулти-потписи и токени, па се до „паметни договори“ и „стабилни коини“, постојано ја збогатуваме рубриката.

 

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.