Мозаик 22.01.2019 22:54

Пет трикови кои ве штитат од паѓање при одење по мраз

Пет трикови кои ве штитат од паѓање при одење по мраз

Одењето по мраз на никој не му е лесно, но со одредени правила и некој трик сепак можете да ја намалите можноста од паѓање. Повредите од падови на мразот можат да вклучуваат сè – од болки во грбот, разни скршеници, до потрес на мозокот, а последиците од падот се особено опасни за постарите луѓе со слаби коски.

За да ја совладате вештината на одење по мразот и да ги избегнете сериозните последици најдобро е да се придржувате до одредени правила.

Ослободете ги рацете
Додека одите, секако, не би требало да ги држите рацете во џебовите, а ниту дополнително да се оптеретувате и да носите кеси. На тој начин, ако паднете, нема да можете да се дочекате на раце.

Одете малку пошироко
Да бидете постабилни, секако е препорачливо да одите малку пошироко. Широкиот од е постабилен, ако имате некое дополнително помагало како што е стап или чадор сте ја намалиле можноста од паѓање.

Пробајте го трикот со исечени чорапи
За внимателно и полесно одење се препорачува и еден многу практичен трик. На малку погруби чорапи отсечете им ги прстите и навлечете ги на чевлите. На тој начин, кога ќе одите предниот дел се фиксира на подлогата и го спречува падот. Обично овој итар трик го користат постарите луѓе, но можат да го користат и помладите особено ако имаат закажано вечерно излегување. Лента од црна чорапа преку чизми нема да биде многу видлива, а со овој брз и евтин трик се штитите од непријатен пад.

Одете наведнати нанапред
За уште повеќе да се заштитите од паѓање, при одење, би било добро телото малку да се наведне нанапред. Овој од наликува на одот на пингвините, при кое силата на гравитација поминува низ предната нога и на тој начин сме вешти на мразот.

Избегнувајте патики и обувки со рамни ѓонови
При излегување на мраз дефинитивно треба да имате в предвид дека спортските обувки и чизмите со рамни ѓонови не се идеален избор. Погруби ѓонови и зимските чизми со примена на горенаведените совети, би можеле да ви го олеснат балансирањето по замрзнатите површини.

Најнови вести