Финансии 30.07.2024 12:54

Петрова: И тие кои прават торти по нарачка и оние кои продаваат преку Фејсбук ќе мора да плаќаат данок

Петрова: И тие кои прават торти по нарачка и оние кои продаваат преку Фејсбук ќе мора да плаќаат данок

Илјадници граѓани преку препродажба на производи на Фејсбук, Инстаграм и други социјални мрежи заработуваат за живот или создваат дополна на својот месечен буџет, а има и стотици други кои прават торти, колачи, декорации за да заработат некој денар.

Но наскоро сите овие граѓани ќе мора да влезат во даночниот систем и да плаќаат одрд вид на данок.

Ова во интервју за порталот Република го најави директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова.

„За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер. Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници. Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски. Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите шо може се остварат од вршењето на дејноста“ вели Петрова.

Во таа наскока е и онлајн шопинот и оданочување на сите што продаваат производи преку Фејсбук и Инстаграм.

„Сега сивата економија од пазарите и улиците се префрли на интернет и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска. Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран рмт да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП“ изјави Петрова за „Република“.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.