Финансии 30.07.2024 10:29

Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот

Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот

Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова за она што најмногу ги интересира граѓаните.

Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије.

-Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објаснува Петрова во интервјуто за „Република“.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.