„Во време кога бројките за наталитетот се во минус, а бројот на млади кои се иселуваат во плус, правиме сериозни напори демографските прашања да ги ставиме меѓу врвните приоритети“ обраќање на Парламентарното Собрание на Совет на Европа.
-Бројни анализи од оваа област, укажува на загрижувачки и песимистички сценарија за негативни ефекти од стареењето на населението врз економските системи во целина.Многу земји во Европа се соочуваат со значителни промени поради стареењето на населението, а и нашата земја не е исклучок од оваа тенденција. Како и многу земји во нашиот регион и во Европа исто и ние, се соочуваат со предизвици да ја задржиме нашата високообразована работна сила и да ги заштитиме економските интереси на земјата. Спроведовме мерки од подигнување на студентскиот стандард до создавање на подобри услови и можности за вработување. Го усвоивме историски најголемиот буџет за Министерството за образование и наука со цел да го придвижиме процесот во вистинската насока, потенцира во обраќањето.
-Еден од најважните услови за подобрување на демографскиот имиџ е стабилноста и безбедноста на работните места и создавањето нови можности за вработување, особено за младите, со приход што ги покрива трошоците за месечната кошничка на просечниот потрошувач и трошоците за детска грижа. Домувањето како едно од најважните прашања за младите е исто така во нашиот фокус и креираме политики за субвенционирање на (социјалните) станови за млади брачни парови. Демографска обнова и задржување на младите дома е приоритет на Владата и парламентарното мнозиниство, додаде Петрушевска.