Нервозата кај СДСМ поради лошиот резултат кој што го имаа на последните Претседателски избори излегува на виделина. Владејачкото мнозинство, соочувајќи се со пад на гласовите од 13.500 гласови за ова време кога се власт ги принуди да почнат партиски реваншизам, закани и притисоци врз граѓаните, особено оние кои се активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес конференција Бране Петрушевски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, кој додаде:
„Директорот на Подружница Кумановско – Липковско поле, при АД Водостопанство на Република Македонија, Оливер Илиевски, кој воедно е и Секретар на ОО на СДСМ Куманово, поднесува неосновани кривични пријави кон вработени во претпријатието. Тој се става во позиција на Јавен обвинител или инспектор во МВР, па врз основа на некакви изјави од вработените, на кои им е непосреден претпоставен, поднесува кривични пријави на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е класичен политички притисок и реваншизам, на очајни партиски фигури во СДСМ кои се соочени со незадоволството на граѓаните.“
-Впрочем граѓаните испратија јасна порака дека не го толерираат неработењето и непотизмот на СДСМ во Куманово. Токму овој носител на функција на СДСМ во Куманово не мрдна со прст да го направи ветениот цевковод кој требаше да го реши водоснабдувањето во Куманово, ама затоа не пропушти во епидемијата на непотизам да се вработат неговата сопруга Даниела Илиевска во МВР од 08.10.2018 година, посочи Петрушевски.
„Сестрата на неговата сопруга, Јасмина Јовановиќ која е вработена во ЈЗУ Општа болница Куманово од 02.05.2018 година. Првата братучетка на неговата сопруга, Катерина Ангеловска, вработена во Градинката Ангел Шајче, Патем за неа има и кривична пријава за фалсификување на записник на избирачки одбор од референдумот во 2018 година за која се уште не е процесирана. Очигледно СДСМ ја нема сфатено пораката испратена од граѓаните на последните избори. Ваквото однесување на кадрите на СДСМ не оддалечува од Европската унија и европските вредности. Граѓаните заслужуваат многу подобро и наскоро доаѓаат убави времиња за Република Македонија. Ќе истраеме и ќе се избориме за правда и подобро утре за сите.“, подвлече Петрушевски.