Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ објави дека ќе го подели бизнисот на три единици, а едниот ќе го вклучува новиот болнички бизнис сегмент, соопштува „Ројтерс“.
Трите нови поделби се за иновативни лекови, воспоставени лекови и здравствена заштита на потрошувачите.
Компанијата вели дека бизнисот со иновативни лекови и корисничко здравство заедно ќе носат околу три четвртини од приходите, базирани на резултатите од 2017-та година.
„Оваа нова структура претставува природен развој на овие бизниси во предвид тековната сила на нашите пазарни производи и проекти, кои достигнаа подоцнежна фаза, како и со оглед на очекуваното значително намалување на влијанието од падот на заштитни патенти по 2020-та година“, изјави главниот извршен директор на „Pfizer“, Иан Рид.
Потегот беше објавен ден откако компанијата одлучи да го одложи зголемувањето на цените за до шест месеци. Причината беше критиките на американскиот претседател Доналд Трамп против „Pfizer“ и другите локални производители за зголемувањето на цените на некои свои лекови.
Единицата за основани лекови ќе ги вклучува повеќето брендови на компанијата, кои веќе не се заштитени од патенти, вклучувајќи ја „Viagra“ и лекот за невролошки болести „Lyrica“.
„Pfizer“ објави дека елиминацијата на патентот за водечкиот лек за фибромијалгија „Lyrica“ се очекува да се случи пред или по декември 2018-та година.
Промените ќе стапат на сила на почетокот на фискалната 2019-та година.