Мозаик 03.12.2018 23:08

Пијалаци кои ги регулираат хормоните кај жените

Пијалаци кои ги регулираат хормоните кај жените

Стресот и модерниот начин на живеење може да предизвикаат нарушување на балансот на хормоните.

Иако ако дојде до нешто такво најдобро е да посетите интернист и ендокринолог, можете да си помогнете и на природен начин.

Следниве три пијалаци се целосно природни и единствено што може да се случи е вашето тело да се стабилизира, а со тоа и целиот ендокринолошки систем.

телесната тежина, но и ги отстранува отровите во телото, го подобрува имунитетот, ја прави кожата посјајна, а варењето на храната е многу полесно.

Лимонот влијае врз хормонот на ситоста – лептинот. Ако тој е надвор од рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Благодарение на млаката вода со лимон, ќе внесете доволно течност во телото и ќе ја подобрите работата на дигестивниот систем.

Секое утро пијте еден исцеден лимон разблажен со 250 милилитри млака вода. Најдобро е да пиете кога сте гладни, но доколку од некоја причина не можете, добро е да го испиете и во кој било дел од претпладнето.

Чај од лист од малина
Листовите од малина се народен лек за зајакнување на мускулите на ѕидовите на матката во многу традиции. Но, со ова се согласува и фитофармацијата. Ваквиот чај е одличен за одржување на женското здравје, а според народните убедувања, жените кои редовно го пијат ќе имаат полесно породување.

Потребна ви е една лажичка исушени листови од малини, набрани од чисто место и 200 милилитри зовриена вода. Оставете да отстои 10 минути и пијте во текот на денот, не пред спиење.

Златно млеко
Златното млеко е пијалак што го подобрува имунитетот, ги балансира хормоните и му помага на организмот да се ослободи од задржаните течности.

Основна состојка е куркумата, зачин со широко дејство врз општата здравствена слика. Според ајурведската медицина, куркумата ја подобрува циркулацијата и правилното „распоредување“ на излачените количини естроген.

Во 200 милилитри топло млеко додајте половина лажичка куркума и една лажичка кокосово масло. По желба, можете да додадете мед или цимет. Пијте навечер, пред спиење.

Сите три пијалаци можете да ги консумирате во текот на еден ден и тоа започнувајте го утрото со водата со лимон, околу пладне испијте го чајот од лист од малина, а навечер испијте го млекото.